Свети Елисеј бил старозаветен пророк кој живеел во деветтиот век пред новата ера. Библијата вели дека кога Бог сакал даа го земе кај себе пророкот Илија за наследник му го одредил Елисеј. Илија на Елисеј му ја пренел божјата волја, го нагрнал со својата наметка и од Бог измолил пророчки дар за Елисеј.
Христијанските приказни велат дека според чистотата и вредноста им бил рамен на најголемите светци, а според чудотворната моќ го надминувал секој пророк. Ја разделил водата во Јордан, горката вода во Ерихон ја направил питка, го удвоил маслото во чиниите на сиромашните вдовици, на друга жена и го виоскреснал починатиот син, со дваесет лепчиња нахранил сто луѓе и уште многу чуда извел во корист на народот. Починал во длабока старост
Народот верува дека на овој ден сите кои страдаат од болест на очите треба да одат во црква или во некој манастир, каде со ноктите малку ќе загребат од ѕидот и со малтерот ќе ги истријат очите.
Верувањето вели дека денеска не се работи на полињата и нивите освен на оние кои се засадени со просо и затоа се вели: „Елисеј сее просо…“
Жените изнесуваат се што е црвено од облека или ткаенини да се проветри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Свети Тома седи дома: Утре го славиме светецот кој се сомневал во Христовото воскреснување
-
Започнете бизнис или тргнете на патување: Утрешниот светец ви гарантира успех
-
На денешниот празник задолжително се јаде риба, а пред спиење покрај креветот се остава ова!
-
Немој да го налутите светецот – денеска е голем празник!