Денеска е свештеномаченик Патрикиј.
Свети Патрикиј беше епископ на Бруса. Тој заедно со тројца презвитери -Акакиј, Менандар и Полиен, пострада за христијанската вера за време на владеењето на римскиот цар Јулијан Отстапник, кој имаше намера да го поврати лажниот сјај на паганските култови. Сите овие беа доведени пред врела вода и царскиот намесник од нив бараше јавно да се откажат од Христа. Но, откако цврсто ја исповедаа верата во едниот Бог, на сите им беа отсечени главите.
На овој празник народот почитува три обичаи.
Во народот се верува дека ако на овој ден се практикуваат одредени ритуали, добрите вили и духови ќе ги излечат болните и ќе им обезбедат долговечност. Постојат три правила кои денеска треба да се испочитуваат:
-Никако не треба да користите ножиц-, за да не си го скратите животниот век
-Денеска исклучиво се јаде риба, за да внесете здравје во телото
-Навечер кога ќе тргнете на спиење, покрај креветот треба да ставите чаша со врела вода, за да се заштите од злите духови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Свети Тома седи дома: Утре го славиме светецот кој се сомневал во Христовото воскреснување
-
Започнете бизнис или тргнете на патување: Утрешниот светец ви гарантира успех
-
Денеска е Св. Елисеј: Сите жени кои го имаат овој проблем, задолжително да го направат ова…
-
Немој да го налутите светецот – денеска е голем празник!