Спасувачките служби во Хјустон и понатаму се обидуваат да ги пронајдат заробените жители во поплавите кои следат по ураганот Харви, јавуваат американските медиуми.
Метеоролошката телевизиска станица „Ведер ченел“ извести дека во Хјустон, четвртиот град по големина во САД, би можеле секој час да врнат по 12-15 литри дожд на квадратен метар поради што поплавените сообраќајници би станале непроодни. Тоа и се случува, а поплавите заробија стотици луѓе на кои пожарникарите и полацијаците се уште се обидуваат да им помогнат.
Синоќа биле спасени повеќе од илјада луѓе во рекордните поплави, јавува Си-ен-ен. Невремето досега уби пет лица во Тексас, а се очекува бројот да порасне.
„Очекувајте алигатори. Тие едноставно бараат повисоки области. Оставете ги додека водата не се спушти“, изјави локалниот шериф на округот Форд Бенд во Тексас.
Ураганот Харви бил со брзина од 200 километри на час и се смета за најсилен ураган после Катрина, што ја погоди Америка во 2006 година, носејќи околу 1,800 жртви, рушејќи го Њу Орлеанс. Катрина имала сила од 5, а Харви сила од 4, но потоа ја намали силата на 1. Сепак во малиот приморски град Рокпорт успеал да предизвика голема штета.
Американскиот претседател Доналд Трамп за подрачјето на кое удри Харви официјално прогласи природна катастрофа, што во Америка е важно бидејќи ваквиот статус значи сојузна помош кон погоденото подрачје. Иако интензитетот на ураганот е намален, на бреговите се очекуваат бранови со смртоносна сила, за кои директорот на Сојузната агенција за интервентни дејствувања, Брок Лонг, вели дека може да се очекува да усмртат најголем број луѓе и да предизвикаат најголеми оштетувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)