| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинители од СЈО биле на обука во Амбасадата на САД во Скопје (видео)

Неколкумина обвинители од СЈО изминативе 10-тина дена биле на обука во американската амбасада во Скопје, дознава ТВ Нова. Нема информации која е целта и за што се обучувале специјалните обвинители.

ТВ Нова побара детали од СЈО, но досега нема одговор од ова обвинителство која е целта на обуката и која е причината за поминувањето на работното време во амбасадата на САД?

Деновиве ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе со обвинување кон СЈО за нивно политичко, а не правно делување.

Во последните неколку настапи ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Катицаа Јанева за обид да се вмеша и да влијае во полза на СДСМ.

Мандатот на СЈО од 18 месеци за покренување обвиненија истече на крајот на јуни. Според законот, за сите предмети кои ги водеше ова обвинителство, а не отвори обвиненија, должно е, да изготви решение за прекин на постапката.

Формирањето на СЈО беше дел од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии, под покровителство и на Соединетите Американски Држави, кои многупати досега истакнаа дека целосно го поддржуваат Кабинетот на Специјалната обвинителка и нејзината улога во истражувањето и гонењето на криминалните дејствија кои произлегуваат од содржините од нелегално прислушуваните разговори.

Минатата година беше поднесена и иницијативата за оценување на уставноста на СЈО во судот , но досега не се најде на дневен ред на седниците на Уставниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top