На Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска не ѝ беше дозволено да одржи прес-конфернција пред ГАК. Обезбедувањето ја принуди да го напушти кругот на Клиниката и кај упати „кај автомобилот“ или „таму зад оградата“ да прави што сака.
Цела Македонија е потресена од големата трагедија во која поради недомакинското и неодговорно работење на новата власт животот го изгубија четири новороденчија, но само надлежните молчат и не сакаат да превземат одговорност.
Штитејќи ја стаклената коалиција со Села, премиерот Заев го штити министерот Таравари и не се уште не побарал одговорност за смртта на бебињата. Пријателството со сопругата на премиерот, пак, ја штити од одговорност и новата директорка на ГАК, Викторија Јовановска. Но, дури ни обезбедувањето не може да го заштити од јавноста која бара одговорност од надлежните за трагедијата.
Што е она што власта не сака да слушне јавноста?
–Нема оставки, нема одговорност. Четири дечиња им починаа во раце. Барем некој да се одважеше па макар и од морални причини. Буквално сите се кријат и бегаат од скандалот на гинекологија. Највеќе оние кои се највисоко во хиерархијата и треба да покажат барем малку доблест. Поминаа пет дена откако бевме сведоци на најтрагичниот настан на гинекологија, а на Таравари и Заев око не им трепнува. Скоро цела недела како не се знаат причините и се покриваат работите. Очигледно некој купува време. Како што го криеја скандалот два дена се додека медиумите не го објавија. Дали некој се обидува да склопи извештај во кој нема лекарска грешка или нема одговорност за болницата? Дали на овој начин ќе се спасуваат Таравари и директорката Јовановска? Дали купуваат време за да ги убедат родителите и јавноста дека на новороденчињата им било пишано да починат? Колку бебиња треба да ги загубат животите за директорката на Клиниката за гинекологија Јовановска да си замине бидејќи нема капацитет да ја води клиниката, а единствена референца и е пријателството со Зорица Заева? Наместо да работи тоа за кое што зема пари од граѓаните, таа се занимава како да му помогне на пријателот Заев во партиските ангажмани, истакна Андоновска на која и беше забрането да се обрати од пред клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)