Кристијано Роналдо има нов изглед, со очила и поинаква фризура, но навиките си останаа, па опасниот стрелец си продолжи да дава голови. Синоќа, на пријателскиот меч со Хрватска во Женева, со погодок за победа им го честита националниот празник на Португалците.
Во 36. минута популарниот „CR7“ ја надмудри одбраната на „коцкестите“ и со прецизен удар го совлада Субашиќ за победа на Португалија од 1-0. За него тоа беше јубилеен, 30. гол во националниот дрес. Само 5 минути подоцна повторно Роналдо упати удар со глава и ја погоди рамката од противничкиот гол. Кристијано играше само во првото полувреме, доволно за триумф на Португалија.
На спротивната страна и Хрватите имаа шанси за гол, но не ја затресоа мрежата на ривалот и веќе 180 минути се без погодок, сметајќи го и квалификацискиот дуел со Шкотска, што го загубија со идентични 0-1. Кај нив од 50. минута одигра Ален Халиловиќ, момче со неполни 17 години, кој стана најмлад фудбалер во историјата на хрватската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)