Сезоната на правење на нашиот национален специјалитет – ајвар, набргу ќе започне, но граѓаните треба да бидат внимателни каде ќе го постават ќумбето ако не сакаат да заработат казна.
Со закон за јавна чистота, општинските и градските инспектори, но и полицијата ќе можат да ви напишат глоба од 50 евра ако ве затекнат како печете пипер на јавна површина, на паркинг, пред зграда или во некој од блиските паркови. Ако казната не ја платите на самото место, пријавата ќе стаса до Основен суд а, потоа ќе мора да платите 150 евра, или трипати поголема сума за својата несовесност.
Најмалку засегнати од овој закон се оние што живеат во куќи и поседуваат свои дворови бидејќи законот не вклучува и приватни површини. Решение се наоѓа и за граѓаните што имаат викендички, оти можат да заминат таму за да ги наполнат теглите. Но за преостанатите, останува да се снаоѓаат. Некои од нив за оваа домаќинска дисциплина ги користат балконите на зградите. Постојат и граѓани што не го поддржуваат домашното приготвување ајвар, и сметаат дека тоа воопшто не е соодветно за градските населби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Кристина Агилера и Иги Поп одат кај него во ресторан да пробаат ѓомлезе и ајвар