| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Барселона за финале на Супер глоуб

Македонскиот и европски првак денеска против Барселона ќе се бори за влез во финалето на Светското клупско ракометно првенство.

По триумфот над иранскиот тим Гашаран, ракометарите на Вардар денеска од 16 часот во реприза од полуфиналето на завршниот турнир во Келн ќе се соочат со тимот на Барселона која во претходниот дуел беше подобра од Есперанс од Тунис.
Во второто полуфинале на турнирот се среќаваат домашниот состав Ал Сад од Доха и Берлин.
Како предигра на полуфиналните соочувања на програмата се натпреварите за пласман од петтото до осмото место.
Гашаран за противник го има Есперанс додека Сиднеј се среќава со Пињеирос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top