| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци ќе имаат тешка задача: Сосиедад за едно полувреме ја потопи „жолтата подморница“ (Видео)

Реал Сосиедад, екипата која ќе биде противник на нашиот Вардар во групната фаза на Лига Европа, во второто коло на Примера славеше убедлив триумф од 3-0 (3-0) против Виљареал. За екипата на Еузебио денешниот триумф е втор во новата сезона, по победата на гости против Селта со 2-3.

 Баскијците одлично започнаа и победникот на денешниот натпревар го решија уште во првиот дел. Резултатот го отвори Вилиан Хозе во 24. минута, а во 35. минута по голот на Прието (денес го одигра 500. настап во Примера) веќе беше 2-0. Пред самиот крај на првиот дел мрежата на Фернандез ја погоди и Хуанми за високи 3-0.
Доколку ја задржат оваа форма до почетокот на Лига Европа, Вардарци ќе имаат навистина тешка задача во дуелите против Сосиедад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top