Екипата на Вардар го оствари најголемиот успех во македонската клупска историја, а бугарските медиуми се позанимаваа со тоа дека капитенот Бобан Грнчаров до крајот на месецот може да си замине од клубот.
Тие вчера објавија дека популарниот Грне ќе се врати во екипата на Ботев каде што помина дел од својата професионална кариера. Стоперот не играше против Фенербахче, но за “Меридиан Мач” дал изјава дека размислува за заминување.
Ако не поминевме во групната фаза ќе следуваа големи промени во нашиот клуб, но и вака ситуацијата може да се промени на лошо. Јас сум секогаш отворен за понуда од Ботев затоа што овој клуб ми е во срцето. Во Пловдив имам многу пријатели и немам против да се вратам таму, изјавил Грнчаров.
Но, тој денеска ги демантираше бугарските медиуми, кои објавија дека столбот на одбраната на “црвено-црните” ќе си замине од клубот.
Нема како да си заминам од Вардар. Зарем сега кога го имаме најдобриот резултат во историјата, би си одел од мојот клуб? Не мрдам никаде. Изјавата во Бугарија е несреќно пренесена, во стилот “што би било кога би било”. Јас сум дете на Вардар, летово го продолжив договорот и презадоволен сум од сѐ, вели вардаровиот капитен.
Тој ги искажа своите желби за ждрепката за групите на Лига Европа која ќе се одржи денеска во седиштето на УЕФА.
Ги сакам Арсенал, за во Скопје да дојде гигант од Премиерлигата, потоа желба ми е да се паднеме со Копенхаген, за да му се одмаздиме за елиминацијата од Лигата на шампионите и Лудогорец, екипа која е многу добра, но сега веќе на ниво со кое може да се носиме ние. А и блиску се географски, таман ќе има инвазија на наши навивачи, додаде Грнчаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј