| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Киев во близина на Владата на Денот на независноста на Украина (видео)

Две лица се повредени при експлозија што се случи во центарот на престолнината на Украина, на Денот на независноста на оваа земја, соопшти украинската полиција, а пренесува „Ројтерс“. Експлозијата се случила нешто по 14 часот по локално време, помеѓу зградата на украинската влада и стадионот на клубот „Динамо“.

„Во 14.06 часот примивме информација за експлозија на непознат предмет“, стои во соопштението на украинската полиција, пренесува АФП.

Украинската телевизија „112“ прикажа снимка од жена која лежи на земja на улицa близу до зградaтa на украинскaтa владa. „Ројтерс“ пренесува дека очевидци изјавиле дека изгледало како експлозивното средство да било фрлено од автомобил во движење.

Портпаролката на Украинската безбедносна служба (СБУ) рекла за „Франс прес“ дека, според нивните првични сознанија, се работи за хулиганство.

Инаку, денеска во Украина се одбележува 26-годишница од независноста, во Киев се наоѓа министерот за одбрана на САД, Џим Матис, a на главниот плоштад е приредена воена парада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top