| четврток, 6 декември 2018 |

Тенисерка полуде на терен и му се „истури“ на тренерот: Дали си ти морон, или тотално луд?

Казахстанската тенисерка Јулија Путинчева на ВТА турнирот „New Haven“ во САД се нашла во центарот на вниманието поради скандалот кој го предизвивикала откако жестоко почнала да го напаѓа и навредува нејзиниот тренер за време на мечот. Таа додека била во негатива од 3-0 во гемови во првиот сет, го повикала својот тренер за време на една од паузите помеѓу гемовите, а тој кога дошол жестоко го нападнала. Целата дискусија ја снимиле микрофоните на теренот.

– Дали си ти тотален морон? Само жвакаш мастика и ги гледаш своите глупави клипови на телефонот. Ниту еднаш не стана да ме поддржиш. Ниту една не ми аплаудираше. Зошто воопто си дошол тука, го нападнала таа, но не застанала тука и продолжила да го навредува околу две минути.

На крајот, мечо тпротив Ализ Корне, Путинчева го завршила со катастрофален пораз до 2-0 во сетови без ниту еден освоен гем (6-0, 6-0), а по завршувањето на мечот јавно му се извинила на својот тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top