Паркот на поезијата во Струга e побогат за уште едно дрво – засадено од годинашниот добитник на „Златниот венец“, големиот американски и светски поет Чарлс Симиќ.
Лауреатот Симиќ на средбата со новинарите и почитувачите на поетската реч говореше за своите почетоци во пишувањето, за поттикот да ги преведува поетите од некогашна Југославија, сакајќи да им покаже на американските пријатели дека и од овде доаѓа добра поезија.
Добитникот на Пулицеровата награда, поетот лауреат на САД и носител на многу престижни признанија е препознатлив по својата едноставност во пишувањето, специфичниот хумор и опевањето на едноставните нешта.
-Поезијата е најиндивидуалната работа на светот, посебно лирската. Поетите треба да го прават она што го прават – да пишуваат песни. Деновиве сите во САД се занимаваат со прашањето: „ Што треба да прават поетите во времето на Трамп“? Јас го мислам истото што и за социјало ангажираните поети и за поезијата од 30-те години на минатиот век или од времето на Големата депресија. Многу од тие стихови се одамна заборавени, а причината е едноставна – не биле добри“, рече Симиќ.
По средбата со венцоносецот, во холот на хотелот Дрим беше отворена изложба на фотографии „Кратки приказни“ од Драги Неделчевски.
фото: СВП
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.