Околу 1800 млади од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 ќе играат фудбал на 28, 29, 30.08.2017 во рамките на „Гази Баба Куп 2017“. Целта на овој фудбалски настан е да се промовираат спортски вредности и да се поттикнат децата од најмала возраст преку забава и дружење да се вклучат во спортот и здравиот начин на живеење.
Во „Гази Баба Куп 2017“ ќе настапуваат 96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија. За купот веќе се пријавени Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други. Децата ќе играат на 2 фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар“ во Хиподром.
Целта на организаторите и на сите кои го подржуваат „Гази Баба Куп 2017“ е преку организирање на настани од ваков вид, во иднина да се придонесе до уште поквалитетен развој на спортот.
„Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на Општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, и е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“