Фудбалерите на Фенербахче ја одржаа прес конференцијата пред утрешната реванш средба со Вардар за влез во Лига Европа.
Турскиот претставник ќе брка негатива од два гола и токму против Вардар очекува старт на нова серија победи:
-Имаме лош резултат од првиот натпревар, но веруваме дека можеме да одиме понатаму во групната фаза. Нема да биде лесен натпревар, бидејќи во оваа фаза нема лесни мечеви. Бевме подобар противник во првиот меч, имавме и многу шанси, но загубивме многу болно. Сега е на ред да покажеме дека можеме. Мораме да го заворавиме првиот натпреварот и да се фокусираме кон реваншот. Мотивацијата е клучна, а верувам дека утре и реализацијата ќе биде на посакуваното ниво, а и нема да правиме толку грешки. Клучно е и да не примиме гол- изјави дефанзивецот Шкртел на средбата со новинарите во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“