Пред два дена, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје починале три новороденчиња, односно тројка, дознава „Република“. Мајката е од тетовското село Доброште.
Како што објаснија од Министерството за здравство, пациентката И.М била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство заради болки во абдоменот. Била породена со царски рез во 27. недела од бременоста, а новороденчињата биле транспортирани на Одделение за интензивна неонатална нега и терапија.
– На 21. август пациентката била хоспитализирана и истиот ден е породена со царски рез во 27 недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислородот, веднаш е извршено породување. Новороденчињата се прифатени од педијатар и акушерка во операциона сала. Спроведена е и примарна реанимација со аспирација, вентилација со маска и амбу и термостабилизација и во инкубатор сите три биле транспортирани на Одделение за интензивна неонатална нега и терапија – велат од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.