| четврток, 6 декември 2018 |

Косово е втора земја во светот по невработеност на младите

Според Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Косово е втора земја со највисока стапка на невработеност кај младите лица во светот, по Босна и Херцеговина.

Невработеноста на младите во Косово е 55,3 проценти. Пред Косово е Босна и Херцеговина со 62,8 проценти.

Во објавените информации на ЦИА, познати како Светска книга на факти „The World Fact Book” се опфатени и земји од Балканот.

– Во оваа книга се наведени информации кои служат за официјална употреба на американските власти, обезбедувајќи јасна слика за демографијата, географијата, комуникацијата, државните органи, економијата и воените структури во светот. Властите на САД посебно го третираат проблемот со невработеноста на младите, при што Косово е во првите пет земји на листата каде се наоѓаат 134 држави и е рангирана многу понапред од земјите, како што се Јемен, Алжир и Етиопија, пишува електронскиото издание на приштинскиот весник „Експрес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top