| четврток, 6 декември 2018 |

Автобусот од несреќата кај Велес успешно извлечен, оди на вештачење

Неколку часа траеше акцијата за извлекување на автобусот кој пред два дена, на автопатот Велес – Скопје, падна во бездна и однесе еден човечки живот, а повреди 26 патници. Во 12 часот почнало извлекувањето, а дури околу 6 часот успешно е извлечен од провалијата.

На огромен кран, поставен на две коловозни ленти, автобусот внимателно се закачуваше, за да останат што повеќе докази, кои треба да ја расветлат причината за оваа несреќа.

Обвинителството и вештаците и денеска беа на местото на настанот.

Неофицијално, анализата на крв покажала дека возачот не бил под дејство на алкохол

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top