| четврток, 6 декември 2018 |

Далмација гори: Тревога за сите пожарникари во Хрватска (галерија+видео)

Голем број пожари има во Хрватска, и објавена е тревога за сите пожарникари во земјата, изјави главниот командир на пожарникарската служба на Хрватска, Славко Туцаковиќ.

Пожарот на планината Промина тешко дека ќе биде изгаснат, а на помош на пожарникарите им пристигнаа два канадера, два ер-трактора и 100 припадници на хрватската војска.

Началникот на Штабот за цивилна заштита на градот Дрниш, Томислав Џелалија вели дека пожарникари, локални жители, ловци и планинари успеале да го изгаснат пожарот во населеното место Лишњак, меѓутоа уште гори во местото Велушиќ.

Триесетина пожари избија вчера само во Задарската жупанија.

Тезата дека Србите ги подметнуваат пожарите во Хрватска е опасна, вели шефот на пратениците на СДС во хрватскиот парламент Борис Милошевиќ, додавајќи дека пироманите немаат националност.

На  Фејсбук се појавија многу коментари за причините, при што во нив најчесто ги обвинуваа Србите.

Оваа година имаше повеќе од 200 пожари, а само за десет од нив се знае кој ги подметнал. За пожарот во Кистање се уапсени седум лица, од кои двајца се српски државјани.
фото: радио Далмација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top