Шеесет и двегодишниот С.П. синоќа во 22:50 часот бил пронајден мртов во неговиот дом во охридското село Подмоље. Како што информира денеска МВР, неговото тело со рана во пределот на вратот, го пронашол неговиот син Г.П. (40).
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.