Неодговорната и неспособна владеачка гарнитура на СДС повлекува девизни резерви и се задолжува стотици милиони евра, а не може да обезбеди средства за да им го исплати на пензионерите тоа што им следува. Само тие знаат каде исчезнуваат парите. За десетина дена ќе почне исплатата на септемвриската пензија. Пензионерите нема да добијат 2.100 денари повеќе како што лажеше Мила Царовска. Нема да добијат ниту по 620 денари колку што им беа покачувани пензиите во време на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Невенка Стаменковска.
-СДС го укинува најавеното и планирано покачување на пензиите. Тоа го потврдија и нивните функционери во Министерството за финансии. Советниците на Министерот за задолжување Тевдовски признаа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ милувала да ги зголемува пензиите. Според функционерите на СДС таа пракса мора да прекине бидејќи ќе имало помалку пари за работите кои на нив им се важни. На Заев му е важно да си ангажира скапи естрадни менаџери од Србија како советници. Пензионерите не го интересираат. Пензионерите ќе добијат само 180 денари повеќе. Некој ќе ги стави во џеб останатите околу 500 денари. Толкава е разликата меѓу покачувањата на пензиите реализирани од ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите на свој грб ја осетија бруталноста и негрижата од страна на СДС, подвлече Стаменковска.
Неспособната влада на Заев, додаде, удри по 300.000 пензионери, а очекуваното покачување од 5%, СДС го укинува.
-Пензионерите се уште една категорија граѓани на кои владата на СДС и Заев им нанесуваат директна штета. СДС не знаеше дека постојат пензионери и претходно кога беше на власт. Тотално ги заборави овие граѓани и нивните потреби, освен кога требаше да им ги намали пензиите за 8%. СДС ги делеше пензионерите во 3 категории и им доцнеше со исплаќањето на пензиите, потенцираше Невенка и додаде:
-Кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт главен домен беше грижата за пензионерите и старите лица и подобрување на квалитетот на животот на оваа група на граѓани, додека сега гледаме само манипулации и измами од страна на Заев и Царовска. ВМРО-ДПМНЕ преку секојдневна консултација со здруженијата на пензионерите, донесе голем број на проекти. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го кренаа стандардот на пензионерите, така што двојно се зголеми најниската пензија, а просечната за 80%. Пензионерите многу добро паметат дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт го прекина недомаќинско работење на СДС, и ги зголеми пензиите од 7.683 денари на 13.755 денари, а тие ги исплаќаше секоја прва недела во месецот. Пензионерите се сеќаваат дека под власта на ВМРО-ДПМНЕ се отворија, а се изврши и реконструкција на повеќе пензионерски домови. Се донесе бесплатно банско-климатско лекување и рехабилитација и релаксација, превоз со автобусите низ градот Скопје три дена во неделата, пензионерите добија бесплатен викенд превоз со воз, попуст од 50% за влез во институции на културата и други проекти и мерки.
ВМРО-ДПМНЕ, истакна Стаменковска, ќе продолжи со поддршката за пензионерите и кога ќе врати на власт ќе ја поправи оваа негрижа и неодговорност на Заев и Царовска. -Ова лицимерие и хипокризија од СДС ќе заврши многу брзо. Казната ќе дојде на 15-ти октомври, а Заев и Царовска можат да се подготват за нивната политичка пензија. Поради целосната негрижа на локалните избори Заев и СДС ќе доживеат вистински дебакл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)