| четврток, 6 декември 2018 |

Американските грешници завршуваат овде (ВИДЕО)

Северна Кореја објавила снимки со предупредување до администрацијата на Доналд Трамп, “од сега држете ги отворени очите и ушите“, кои прикажужуваат како високи американски безбедносни службеници горат во оган.


Снимката меѓу друго прикажува како Доналд Трамп гледа кон гробишта полни со бели крстови со предупредување:
“Судбината на американските грешници завршува овде“.

Видеото исто така прикажува ракета на Северна Кореја која лета спрема американската територија Гуам која предвидуваа да ја нападнат.

Острото предупредување е објавено во очи заедничките вежби на САД и Јужна Кореја кои започанаа во понеделникот.

Во снимката се вели: “САД се фалат дека на нивната територија во 150 инвазии не паднал ниеден куршум, САД кои злостува и мачеле луѓе од други држави и им се заканува само еддна заповед од лидерот на Северна Кореја“.

“Мора да живеат со широко отворени очи и уши бидејќи незнаат кога ќе ги погоди ракета Hwasong-12, во теот на дн или ноќ“, пишува на снимката.

“Се што треба Северна Кореја да стори е да ја стави раката на копче и да го притисне во вистински момент. САД од сега ќе живеат во страв и агонија цело време. Добро ќе се потат по ова жешко летно време“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top