| четврток, 6 декември 2018 |

Погребалното во Охрид има 10 члена на Управниот Одбор, а само 2 вработени

Јавното претпријатие „Погребални услуги“ од Охрид има петпати повеќе членови на Управниот одбор од вработени.

Охрид1“ пренесува дека претпријатието повеќе од една година не работи бидејќи нема лиценца да врши погреби. Воедно има двајца вработени, од кои едниот е директорот и дури 10 члена на Управниот одбор, кои секој месец книжат вкупно по 20.000 денари нови долгови, без пресметан персонален данок на хонорарите.

Ваквиот сооднос на вработени и членови на Управен одбор, веројатно, ова претпријатие може да го внесат и во Гинисовата книга на рекорди бидејќи фирмата не работи ништо, а секој месец трупа долгови за двете плати и за хонорарите на Управниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top