Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека имаат докази за силно разузнавачко делување во Македонија насочено против Србија и нивната амбасада, при што бил присутен и странски фактор.
– Ние ќе се подготвиме за едно такво опкружување и ќе ја преиспитаме нашата способност да дејствуваме во такви нови услови. Дел од нашиот персонал ќе се врати во амбасадата во Скопје, а амбасадорката ќе замине подоцна по дополнителните консултации во Белград – изјави тој.
Дачиќ кажа дека Србија сака добри односи со Македонија, но и дека имаат обврска да ги штитат нивните интереси.
-Тоа значи дека за секој потег ќе го применуваме принципот на реципроцитет- рече Дачиќ.
Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, најави дека Белград ќе ги преземе сите мерки да ги заштити српските интереси во Македонија и истовремено ќе ги преиспита способностите и капацитетите за извршување на работите на Амбасадата во Скопје во актуелните услови.
– Веќе следната недела, по состаноците што ќе ги имаме овде и разговорите со претседателот Александар Вучиќ, дел од персоналот на Амбасадата ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна кога ќе ги завршиме сите консултации што треба да ги направивме овде во Белград, вели Дачиќ во изјава за Танјуг.
Според него, вработените во Амбасадата на Србија во Македонија се повелечени бидејќи „недвосмислено со јасни докази е утврдено засилено офанзивно дејствување кон Република Србија“ во кое, како што вели, е присутен и странски фактор.
– Ќе преземеме мерки за да се подготвиме за работа во едно такво опкружување, рече Дачиќ, нагласувајќи оти Србија сака добри односи со Македонија.
Посочи дека на оваа тема денеска разговарал со претседателот Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Дачиќ вели дека српското МНР вчера го известило МНР на Македонија за повлекувањето на целокупниот персонал од Амбасадата во Скопје на консултации во Белград.
– Ние недвосмислено сакаме добри односи со Македонија. Сакаме да градиме добри односи затоа што сме соседи, затоа што имаме многу заеднички интереси и затоа што сме два блиски народа. Но, наша обврска е да ги заштитиме нашите интереси и во согласност со тоа ќе ги применуваме основните дипломатски принципи во меѓуанродните односи, односно принципот на реципроцитет во сите области, изјави Дачиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)