| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Србија ги повлече своите дипломати: Македонија ќе го предложи Косово за влез во УНЕСКО?

Официјално не е соопштена причината за повлекувањето на српските дипломати од Македонија. Молк и од македонска и од српска страна.

Според неофицијалните информации, причината за ова се поврзува со гласањето за Косово во УНЕСКО, како и со заканите на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ дека ќе возврати на евентуална поддршка за Косово од Македонија. Претпоставките за оваа одлука одат до таму што Србија најверојатно ќе го преиспита уставното име на земјата.

Извештаите говорат дека Србија дошла до информации дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.

Пред амбасадата од вчера има зголемено полициско присуство. Персоналот е повлечен, а најверојатно од просториите се изнесени сите документи на амбасадата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top