| четврток, 6 декември 2018 |

Мароканецот Јунес Абујакуб го возел смртоносното комбе во Барселона

Истражителите веруваат дека Мароканецот Јунес Абујакуб (22), по кого трага полицијата, бил возач на комбето кое влета меѓу луѓе на шеталиштето во Барселона, соопшти денеска каталонскиот функционер Јоаким Форн.

Тој појасни дека сите докази упатуваат на тоа дека тој бил возачот и најави дека денеска ќе соопштат зошто дошле до тој заклучок.

Форн посочи дека во текот на изминатата ноќ полицијата спровела повеќе рации во каталонскиот град Рипол, каде живеат повеќето осомничени.

Останатите осомничени, за кои се веруваше дека се дел од 12-члена келија, уапсени се, убиени од страна на полицијата или настрадале во експлозија во една куќа во Каталонија, која се случи ден пред нападот со комбе, во четвртокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top