Неколку години пред да се заљуби во сегашната сопруга, Меган Маркл, принцот Хари бил на чекор пред големата одлука да се ожени со долгогодишната девојка, Челзи Дејви.
Челзи била гостинка на неговата венчавка со Меган, но и на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, каде всушност бил и клучниот момент кога се замислила себеси во улогата на Кејт и одлучила дека едноставно не сака да биде член од кралското семејство.
-Целиот тој раскош и неверојатна сериозност во исто време и помогнале на Челзи да сфати дека вистинската работа која треба да ја направи е да раскине со Хари. Иако имале многу заеднички работи, сфатила дека двајцата се од целосно различни светови, кои не можат да се спојат, особено затоа што многу ѝ била важна својата приватност, која и ден денеска многу внимателно ја негува- открила Ангела Левин, за “Elle”, таа е новинарката која ја пишувала биографијата на принцот Хари, под наслов “Разговори со принцот”.
Парот тогаш ја раскинал 7-годишната врска, но летото во 2015-та година, уште еднаш се обиделе да се смират. Тајно отпатувале во Африка, но не се ни вратиле заедно, бидејќи Челзи се држела строго до своите одлуки – дека не сака јавно да се експонира во толкава мера.
Во јуни, 2016-та година, открила колку медиумското внимание ѝ пречело во врската со Хари.
-Беше лудо, застрашувачки и непријатно. Ми беше многу тешко. Не можев да се изборам со тоа, бев млада и сакав да живеам нормално- раскажала тогаш за “The Times”.
Кога ја прашале дали личност со “нормална” кариера би можела да биде партнер на член од кралското семејство – немала одговор.
-Не знам, но мислам дека некои луѓе се подобри во тоа, од некои други- рекла Челзи, која има свој бренд за накит и студирала право.
Поранешниот пар останал во пријателски односи, а еден семеен пријател, за “Vanity Fair” открил дека Хари ја повикал Челзи на забава, пред венчањето со Меган.
-Тоа им беше последен разговор. Челзи го доживеала многу емотивно, плачела и малку недостаувало за воопшто да не дојде на венчавката- тврди изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.