Движењето на странските инвестиции сериозно загрижува по доаѓањето на новата Влада, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при денешната посета на општина Сопиште. Тој истакна во овие два и пол месеци откако е дојдена новата влада целосно е запрено доаѓањето на новите странски инвестиции.
– Јас ќе напоменам дека само во првите пет месеци од оваа година, иако имавме сериозна политичка криза, иако имавме техничка влада, протести низ улиците и сите оние проблеми со кои што се соочи државата, сепак во еден таков период успеавме да постигнавме договор, или да се почне со градба на шест нови фабрики кои потенцијално ќе вработата 3.300 луѓе како директни вработувања, плус индиректните, истакна Груевски.
Според него, видливо е дека Владата нема ниту интерес за привлекување на странски инвестиции бидејќи, како што рече, во Владата не влегоа компетентни кадри за привлекување на странски инвестиции кои знаат како да го прават привлекувањето.
– Наместо компетентните кадри донесени од различни страни на светот, во Македонија, од нашата дијаспора, влегоа луѓе кои никогаш тоа не го работеле и навистина загрижувачки е трендот на странските инвестиции во Македонија. Илјадници работни места се отворија со доведувањето на странските инвеститори. Што е уште поважно, многу од нив дадоа работа и на домашните фирми и многу домашни фабрики се изградија како резултат на тоа што станаа соработници на странските инвестиции, истакна Груевски кој дополни дека во изминатиот период, благодарение на странските инвестиции, драстично се зголеми извозот во Македонија.
Тој информираше и дека половина од извозот на Македонија е од новодојдените странски инвестиции.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е загрижувачки тоа што новите министри зборувале за поставување услови на странските инвостори, тие да мораат да добавуваат суровини од домашни компании.
– Тоа е добро, на хартија. Тоа е добро кажано вака, но во реалноста тоа ќе ги одврати инвеститорите. Убаво звучи кога некој ќе каже, ќе дозволиме некои странски инвеститор да дојде во Македонија, доколку купува производи од нашите фирми. Супер кажано, меѓутоа, знаете ли колку фирми ќе се откажат заради тоа и колку работни места нема да се отворат, појаснува Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)