| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман вербално го нападна судијата со погрдни зборови, заработи црвен картон (видео)

Антоан Гризман се очекува да заработи суспензија од неколку мечеви поради црвениот картон кој го доби на дуелот против Гирона, на стартот од новото првенство во Примера дивисион. „Јорганџиите“ одиграа нерешено 2:2 на гости кај новакот во лигата и тоа се спасуваа од пораз.

При резултат 2:0 за Гирона, Гризман влезе во противничкиот шеснаесетник и симулираше фаул од голманот. Судијата не наседна на таа глума и затоа му даде жолт картон на ѕвездата на Атлетико, што му беше втор на мечот.

По добивањето на црвенито картон, Гризман вербално го нападна судијата со погрдни зборови. Самиот судија, во извештајот по мечот, детално го опишал целиот случај.

„Ми упати неколку навредливи зборови на мене. По мечот дојде и ми се извини“, објасни судијата Хуан Мартинес Мунуера.

Согласно Дисциплинскиот правилник од шпанската федерацја, казната за невредување на судија е меѓу 2-3 меча. Ако се обиде да го нападне казната е меѓу 4 и 12 натпревари.

Слична ситуација како оваа со Гризман се случи и во Суперкупот на Шпанија, кога беше исклучен Кристијано Роналдо. Првата ѕвезда на Реал Мадрид сакаше да одглуми пенал, но наместо удар од белата точка, заработи втор жолт картон и исклучување.

Нервозниот Роналдо тогаш го турна судијата, а поради овој потег заработи суспензија од вкупно пет натпревари. Сега се очекува казната за Гризман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top