На листата на увезени производи има дури 7 илјади производи или увозни ставки, а најмногу девизи лани се потрошиле за нафта, 969 милиони долари
Човечка коса, перики, лажни трепки и бради, лисја и гранки, мов и лишај, црева и желудници од животни, рогови, сперма на бикови, гаќи, игли, флипери, кибрити, свеќи, вагони се само дел од интересните увозни ставки кои се среќаваат на листата на најувезувани производи во Македонија според Царинската управа и Државниот завод за статистика на Македонија, и за кои се плаќаат милионски износи на девизи.
Така на пример, само за увоз на патенти, копчиња и други елементи потребни за текстилната индустрија, лани се потрошени 12,5 милиони долари. За увоз на шампони и препарати за коса лани Македонците потрошиле 12,5 милиони долари, а само увозот на тоалетна хартија чинел дури 8,2 милиони долари.
Експертите со кои разговаравме велат, дека Македонија пред 20 години околу 80% од храната ја задоволувала од домашни потреби, а сега само за шеќер и сончогледово масло годишно троши околу 80 милиони долари. За увоз на говедско, свинско и пилешко месо лани се потрошиле исто, така, 80 милиони долари. Најмногу девизи Македонија како држава дефинитивно троши за плаќање на увозот на нафта и нафтени деривати, односно 969 милиони долари во 2012 година…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно
-
АХВ: Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилска компанија
-
Незадоволни затвореници од Шведска се жалат кај народниот првобранител поради неквалитетна тоалетна хартија


