| четврток, 6 декември 2018 |

Усвоен законот за абортус

Денеска во Собранието по скратена постапка беше усвоен Предлог-законот за прекинување на бременоста.

Министерот за здравство Никола Тодоров, за невладините организации кои денеска протестираа пред Парламентот и кои најавија дека ќе поднесат претставка до претседателот Ѓорѓе Иванов,  изјави дека е нивно демократско право.

– Ги почитувам невладините организации во борбата за нивните ставови. Тоа е нивно врвно демократско право. И како човек и како правник не можам да се спротиставам ниту сакам да помислам дека некој треба да се спротистави да се поднесе барање до Уставниот суд за тој да одлучува дали определен закон е уставен или не, изјави Тодоров.

Тој денеска уште еднаш во изјава за медиумите ги образложи амандманите на Предлог-законот.

Тодоров воедно посочи дека новиот и претходниот закон имаат исти одредби за абортирање повеќе од еднаш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top