Францускиот интернационалец Блез Матуиди денес го мина вториот дел од медицинскиот прегледи во Јувентус, а попладнево ќе го потпише договорот и официјално ќе биде претставен како нов играч на италијанскиот шампион. Одличниот играч од средината на теренот во Италија стигнува од екипата на ПСЖ, а ќе ја чини „Старата дама“ 20 милиони евра.
Поразот од Лацио во неделата во Супер купот на Италија очигледно го запалил алармот во Јувентус, па нивните челници побрзале да обезбедат засилување. Матуиди инаку подолго време беше желба на Јувентус, а очигледно доаѓањето на Нејмар во ПСЖ ја отворил вратата за неговото заминување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.