| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не му верува колку години има – „Полскиот викинг“ се труди за изгледа што постаро (Видео)

Личниот тренер Павел Лазијак од Варшава потрошил мало богатство за да изгледа постаро. Како што самиот изјавил, на тоа се решил за да им изгледа што поинтересно на фановите на социјалните мрежи и „за да се издвојува од другите“. Тој е многу популарен на Инстаграм каде го пратат околу 400 000 луѓе и каде е познат како „Полскиот викинг“.

Павел иако има 35 години, многумина мислат дека е сениор со добро обликувано тело и кога ќе им ја каже неговата вистинска возраст, не му веруваат.

Тој редовно ја фарба својата коса и брада за да му бидат седи. И додека многумина претпочуваат помлад партнер, неговата сопруга Магда вели дека многу и се допаѓа неговиот изглед на постар маж.

Како што самиот објаснил за еден полски портал, Павел прв пат ја офарбал својата коса бела пред неколку години. Многу му се допаднал тој изглед и оттогаш го нема променето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top