ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дисусиите, a на денешниот панел насловен „Младите сакаат безбедна иднина“, меѓу другите говореше и Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска младите зборуваа и за немилиот настан кој што се случи во Струмица, каде полициски службеник пукаше во малолетно дете. Тој го осуди овој чин и како што рече, се надева дека во краткото време додека СДСМ е на власт ќе престанат овие настани.
– Кога и да излезам надвор, јас наместо да се чувствувам безбедно на улица или било каде да одам, јас треба да се плашам од полицијата. Едноставно ова треба да престане додека не е ни почнато. Министерот Оливер Спасовски треба да излезе на прес и да го објасни ова што се случи, а не како што гледаме преку социјалните мрежи, тој си оди на ручеци, на забави, треба да излезе пред јавноста, да објасни што се случило во Струмица, да ги најде сторителите и тие да си ги сносат последиците, изјави Манасиевски.
Тој побара реакција од средношколскиот и студентскиот пленум, кој за екстерното тестирање беа доста бучни, а сега никаде ги нема.
– Беа толку собрани за екстерно, а сега ги нема никаде кога се бори дете за својот живот. Сакам да упатам апел до Средношколскиот пленум да го осуди овој чин, а не само да го навредува ВМРО-ДПМНЕ, туку да видат што поддржуваат, да ја видат реалноста, да видат каква влада поддржуваат што е денеска на чело на Македонија. Едноставно сум згрозен од овој чин и се надевам дека во најскоро време ќе биде осуден и од министерот и дека ќе се реши овој настан што поскоро, изјави Мансиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)