| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Ако денес изгласаме измена на Законот за ЈО, веднаш ќе се откажеме од дискусиите за Зврлевски

Јас многу пати кажав, еве и сега ќе кажам, доколу парламентарното мнозинство е спремно денеска да ги изгласаме промените на законот за јавно обвинитеслтво, ние денеска ќе се откажеме од  сите дискусии во однос на дебатата за разрешувањето на господинот Зврлевски, истакна на денешната седница во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој потенцираше дека имало критики од страна на  пратениците од парламентарното мнозинство, кои не се пријавуваат за збор, но колегијално дискутирале по ходниците дека ова што го прават ќе помине, односно дека ќе се исцрпи списокот на пријавени за дискусија и парламентарното мнозинство со тенко мнозинство од 62 пратеници ќе го разреши Зврлевски.

– Ние не живееме во фикција, ние сме сосема свесни за тој момент, одонсно дека оваа расправа ќе се исцрпи во еден момент и дека тенкото парламентарно мнозинство за шија за врат, како што викаат старите, ќе ги донесе сите 62 пратеници тука, заради други интереси ќе си гласаат луѓето и господинот Зврлевски ќе биде разрешен. И тука нема никаква дилема,потенцираше Димовски.

Но од принципиелни причини, ние сакаме да го покажеме овој наш односот кон собранието и кон парламентарното мнозинство, рече Димовски.

– Целата дилема, одоносно целата дилема кој што јавноста треба да ја знае и треба да се свесна дека во истиот момент кога владата поднесе иницијатива за разрешување на Зврлевски, ние поведовме иницијатива за измена на законот за јавно обвинителство и предложивме јавниот обвинител да се бира со 2/3 мнозинство. Тоа е некаков гарант дека следниот јавен обвинител, не овој сега, затоа што овој сега секако ќе биде разрешен, следниот јавен обвинител дека ќе биде избран врз принципите на некаква усогласеност на војлите во оваа Собрание. Заради тоа што јавна обвинителската дејност во Република Македонија сега е посочена како најпроблематична и кажав делот од власта го посочува  проблемот кон  државното јавно обвинителство,делот на опозицијата  проблемот го посочува кон СЈО,но се на се нема човек кој има доверба во јавна обввинителската дејност за жал, додаде Димовски.

– Како да го решиме тоа, во една транспаретна постапка за избор на новиот државен јавен обвинител. Јас сум благодарен на тоа  што неколку пратеници од  парламентарното мнозинство во своите дискусии и реплики се произнесоа позитивно за таквиот предлог, истакна Димовски.

Но очигледно партискиот интерес е повисок во овој момент,односно парламентарното тенко мнозинство нема намера да го прифати овој  концепт,за подигнување на стандардите.Нашата дискусија е  обид да извршиме некаков политички  притисок врз вас да разберете дека предлогот има добра намера и можеби со ден два  плус,да размислите и да го прифатите тој закон, потенцираше Димовски.

Јас многу пати кажав еве е сега ќе кажам,доколу парламентарното мнозинство е спремно денеска да ги изгласаме промените на законот за јавно обвинитеслтво,ние денеска ќе се откажеме од   сите дискусии во однос на  дебатата за разрешувањето на господинот Зврлевски, подвлече Димовски.

По фер пристап не може  од оваа,мислам дека не може ниту една опзиција  во било која држава да даде, вели Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top