На денешната седница во Собранието на Република Македонија, каде што на дневен ред е разрешување Републичкиот јавен обвинител, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев истакна дека во моментот не е во прашање ниту Марко Зврлевски ниту неговотата биографија ниту неговото разрешување, туку единствена цел зошто сега се дискутирало во овие августовски денови е сосема друга.
– Тоа е една типично политичка димна завеса, пуштање во целокупното општествено и политичко живеење во Република Македонија за да се прикрие енермното задолжување на Република Македонија, рече Данев.
– Само денес 44,7 милиони евра ново задолжување на граѓаните на Република Македонија,е затоа е потребна оваа дискусија. Оваа дискусија и дебата исто така е потребна за да се прикрие законот за јазици од целокупната јавност, од целокупната јавност стручна оценет како максимално неуставен. И како што вели една од професоркие на правниот факултет – со овој закон се сака правото да се стави во границите на политиката или како што треба обратно да биде, а тоа е политиката да биде во границите на правото,вели Данев.
Е затоа оваа се една од причините зошто се дебатира и разговара во овие денови и овие месеци за Марко Зврлевски, додаде Данев.
Вчера беше пуштена една политичка патка во етерот на Република Македонија а тоа е,демек ние сме паднати од марс ,господинот Али Ахмети вели сега ќе бараме албанскиот јазик да биде за меѓународна употреба,па како господинот заев тоа не дава и така тука некаде ќе се најде некој заеднички јазик и неуставниот закон за јазици ќе се протне во Собранието на Република Македонија, потенцираше Данев.
Граѓаните на Република Македонија се многу политички едиуцирани и на вакви замки не паѓаат,тоа ќе си го кажат и докаѓат на 15 Октомври,кога повторно ќе имаат шанса да кажат кој е кој во оваа држава и кој е оној кој го дава легитимитетот дасе биде власт во Република Македонија, истакна Данев.
И на крајот ќе ве запрашам како останатите пратеници,доаѓате од источниот регион и сигурно дека вашите сограѓани се прашуваат и се загрижени,каде тоа во источниот дел во Кочанско во Штипско е локацијата за нова мигрантска населба,која што ја планираат Заев и коалицијата,праша Данев.
Тоа сте должни и вие одовде да ги прашате претставниците на владата,бидејќи навистина граѓаните од тој регион ,како што се моите сограѓани од Аеродром се загрижени за овие работи кои што не беа ветени пред изборите на 11 Декември,рече Данев.
Наместо Македонија како транзитна земја,да ја претворат Македонија како земја која што ќе вдоми 150 000 мигранти,истакна Данев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)