ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дисусиите, a на денешниот панел насловен „Младите сакаат безбедна иднина“, говореше Оливер Пап од унијата на младите сили на партијата. Тие говореа за немилиот настан кој се случи во Струмица каде дете беше застрелано од полициски службеник, тој кажа дека на нив како млади тешко им е да зборуваат на оваа тема, бидејќи емоциите ги поврзуваат со лица кои малолетни доживеале вакво искуство.
– Ова е начинот на владеење на СДС, без трошка одговорност, дури два дена Министерстово за внатрешни работи молчеше за овој настан, додека сите медиуми пишуваа и прашуваа што се случило. Безобразно беше затоа што дел од соросовите медиуми ги обвинија бесправно децата дека биле крадци, а деновиве излезе дека тоа не било случај и дека целата работа одела во сосем друг правец. Нема никаква одговорност од министерот за внатрешни работи, ниту од началникот на СВР Струмица, кои што директно треба да понесат одговорност бидејќи од полицијата е загрозена безбедноста на младите, на малолетни лица, изјави Пап.
Tој надополни и дека ова да се случело во некоја европска држава би поднел оставка или барем би излегол сериозно да објасни пред јавноста што се случило, додека како што кажа Пап, Спасовски оди на прес да презентира неиспран автомобил, а кога полицијата пука во деца тогаш никаде го нема. Тој повика и до невладините под контрола на СДСМ да реагираат, кои изминативе години ја напаѓаа полицијата дека била брутална, а како што вели денеска кога СДСМ е на власт вади и пука тоа не им смета.
– Дали ова е животот кој што дојде во Македонија или дали ќе има живот во Македонија само доколку го издржиме и го преживееме првиот куршум, запраша Пап.
Тој кажа дека и лицемерно од страна на лица на СДММ, само еден ден после овој немил настан на денот на младите зборувале бајки, а ниту еден збор не кажале за овој настан што го предизвика полицијата раководена од Оливер Спасовски, втор човек во хиерархијата на нивната партија.
– Како млади луѓе сакаме безбедна иднина, сакаме иднина во која безгрижно ќе може да се фокусираме на целите кои ќе сакаме да ги оствариме во животот. СДС наместо да се грижи за подобро образование, поголема вработеност на младите, да понуди повеќе можности, СДС на младите им понуди куршуми и борба за преживување во буквална смисла, изјави Пап.
Тој кажа дека длабоко жалат што дека токму на оваа тема мора да се зборува, но дека нема ништо посериозно и пострашно од ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)