| четврток, 6 декември 2018 |

Каскадерка загина на сетот на „Дедпул“ 2

За време на снимањето сцена, која вклучувала „акробации на мотор“ на сет на второто продолжение од „Дедпул“, вчера загина една каскадерка, чие име не се соопштува. „Можеме да потврдиме дека каскадерка загуби живот на сетот на Дедпул“, соопштија од полицијата.

Според изјавите на очевидци, каскадерката изгубила контрола над моторот и се удрила во стакло на студиото, кое се наоѓа во Ванкувер. Претходно, истиот маневар успешно го извела четири пати.

– Ужасно сме потресени од она што се случи на сетот. Нашите мисли и молитви се со семејството, пријателите и колегите на настраданата, порачаа од студиото Фокс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top