| четврток, 6 декември 2018 |

Сонуваше за свадба кога ќе се врати, а ја донесоа во ковчег – трагично згасна млад живот

nis

Нишлијката Ирена Илиќ (27) загина во погонот на фабриката „Леони“ во романскиот град Питешти, кога на неа со автомобил налета 22-годишен колега додека биле на пауза во фабричкиот двор.

Во несреќата се повредени 5 лица, меѓу кои и две српски државјанки Бранка Г. (34) и Александра Р. (29).

Славољуб Илиќ, татко на настраданата девојка е во шок по ненадејната трагедија која им се случи.

-Наместо да ја мажиме, ние ќе ја погребеме. Болка ми ја крши душава. Не можам да зборувам од тага. Очекувавме наскоро да се врати во Србија, а ни стигна оваа ужасна вест од која незнам како ќе се опоравиме – рече Илиќ.

И другите роднините не можат да поверуваат, сите се радувале на нејзината нова работа и подобрите услови,а  настрадала без своја вина.

nis2

Романсктие медиуми наведуваат дека момчето Андреи Карамелеа, кој со автомобилот уби една, а повреди уште две лица на полицијата и е познат од претходно.

-Момчето сакало да се покаже пред работниците. Сакал да прави кругови под рачна, и во еден момент достигнал брзина од 80 километри на час и тогаш изгубил контрола – вели очевидец.

За да го избегне камионот, тој удрил во оградата зад која околу 60 работници биле на пауза.

Ирена одлетала под автомобилот и починала на самото место. Настраданата нишлијка во Романија стигнала недела дена пред тоа, и таму е испратена на усовршување и имала договор на определено време.

Другата верзија од приказната е дека Романецот намерно со возило удрил во групата работници, зошто претходно од истата фирма добил отказ, меѓутоа фирмата ги демантираше овие наоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top