| четврток, 6 декември 2018 |

Загина жена во тешка сообраќајка на патот Штип-Скопје

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 17,10 часот на магистралниот пат Штип-Скопје, кај с.Кадрифаково. Управувајќи „дачија логан“ со скопски регистерски таблици, Д.Д. (51) од Скопје  изгубил контрола над автомобилот и излетал од коловозот.

Во незгодата сопатникот Д.С. (75) се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничкиот центар воШтип, каде околу 19:20 часот починала. Kај Д.Д биле констатирани тешки телесни повреди, а по укажана лекарска помош во истата болница, бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top