Македонските спортски федерации ќе имаат на располагање за 40 насто повеќе средства во однос на минатата година (вкупната сума е 60 милиони денари) и од денеска можат да конкурираат за средствата што преку АМС ги доделува Владата на РМ. Директорот на Агенцијата м-р Лазар Поповски на брифингот со новинарите и претставници на дел од нашите спортски асоцијации ги соопшти основните услови за учество во конкурсот. Тие се олеснети и е практично само прашање на формалност за подготвените програми на федерациите кои полагаат право на средства.
На средбата, од директорот Поповски заинтересираните добија слика за начинот и критериумите според кои ќе бидат доделувани средствата предвидени со Програмата за развој на спортот во следните пет години донесена на почетокот од годината. Документот предвидува извесни измени со единствена цел-вистинска распределба на буџетот со кој располага АМС. Тоа пред се, значи дека акцент ќе биде ставен на конкретни потфати и области во кои имаме резултати и перспектива. На конкурсот за добивање на средства за субјектите кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот од Програмата за развој на спортот и младите за 2013 година можат да аплицираат сите постоечки спортски федерации за партиципација во финансирање на:
– Врвниот спорт
– Стручна работа на службени лица
– Стручно усовршување на тренерите кои учествуваат во процесот на работа со спортистите
– Организација на традиционални манифестации
– Прворангираните клубови
– Талентираните млади спортисти
Конкурсот на АМС за спортските федерации што е отворен денеска завршува на 1 февруари, а во текот на март ќе биде објавен и друг конкурс за сите преостанати во нашиот спорт кои не се опфатени со овој конкурс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невиден скандал: АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)


