| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи и Ана Михајловски, која беше претепана на сплав (ВИДЕО)

Водителката Ана Михајловски минатата недела била претепана на еден белградски сплав.

Таа со својата сестра и пријателите дошкле во клубот за да прослават роденден на една од пријателките, но ноќната забава завршила со искубана коса и модринки.

За време на забавата Михајловски, како што пишуваат српските медиуми, се качила на сепарето за да игра, по што дошол еден од обезбедувањето и и рекол дека мора да се симне и нормално да седне.

-Кога момчето и рече да се симне, таа му врати „Ало, не ме пипкај“. Тоа го изнервира, па ја фати за коса и ја турна на столчето. Дојдоа и други од обезбедувањето и почнаа расправија со Михајловски и нејзините другарки. По жестоката расправија, Ана ја фатија за врат и ја фрлија на маса. Ја фатија потоа околу половината и ја исфрлија од сплавот, вели извор за српски Информер кој се нашол на местото и додава дека била малку под дејството на алкохол, но обезбедување имало прегруб однос со неа.

После целата ваква ситација Ана реши да се обрати со иронично видео до сите мајки кои сакаат да излегуваат на сплавови. Бидејќи главните коментари биле дека неа не и доликува така да излегува, а дома има три деца… еве што порача Ана!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top