| четврток, 6 декември 2018 |

Секогаш носеше пиштол за ликвидација, а Тито постојано оставеше писмо пред пат-откриени непознати детали за Јованка Броз

На прсти можат да се избројат луѓето кои после смртта на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, ја имале таа привилегија да се најдат во близина на неговата вдовица, Јованка Броз.

Еден од нив е адвокатот Тома Фила, кој 2,5 децении се борел по правен пат некогашаната прва дама да ги оствари своите права, да добие пензија, документи, личен имот. Познатиот белградски адвокат во разговорот за Њузвик се присетил на средбата  и разговорот со Јованка Броз, жената која по се судејќи засекогаш ќе остане мистерија.

До нивна прва средба дошло после Титовата смрт, кога таа поради наследството дошла кај таткото на Фила, Филота.

-Дојде кај нас во 1983 година, а нашата канцеларија, како што тогаш ни рече, и ја препорачал Тито. И рекол:Ако нешто ми се случи иди кај Филота Фила, тој не се плаши до никого. После смртта на мојот татко сакаше да продолжам да ја застапувам. Така и беше. Таа мене ми остави впечаток дека е жртва. А беше преубава жена,горда Личанка, која држеше до себе.Верувам дека подобро ќе поминеше ако ја свиткаше кичмата и се определеше за некого од претендентите на Титовиот трон-рекол Фила.

Колку Јовнка му била верна и предадена на Тито, се видело за време на посетата во Франција, кога било откриено дека носи оружје.

-Дошло до инцидент, на балот на Јованка од ташна и испаднал пиштолот, а обебздеувањето се обидело тоа да го прикрие. Тито имал голема доверба во неа, таа била последната линија на неговата одбрана, па затоа со себе носела мал пиштол за ликвидација. Ако сите служби откажат, таа требало да го штити со својот живот. Таа Тито го сакаше до лудило и никако не може да се рече дека со него била од интерес-рекол Фила.

Тито пак пред секое патување оставал писмо во сеф, со нарачка да го прочита, ако му се случи нешто. Кога се враќал од пат го земал за пак да го остави на наредното патување. Сепак после неговата смрт, писмото мистериозно исчезнало.

До пресуден момент дошло во време на пресметката на „малите титовци“,како што Фила ги нарекува оние што се обидувале да го наследата Тито, со Јованка во 1977 година. Тоа се случило пред патувањето на Тито во Кина, кога било решено тој прв пат да оди на пат без сопругата. Од тогаш веќе не го видела Тито, бидејќи и било забрането.

После тоа на Тито се обидувале да му подметнат документи за развод, но тој никогаш не ги потпишал, што Јованка го толкувала како доказ за неговата љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top