Четврти ден институциите молчат за смртта на затвореникот В.К., кој од засега непознати причини почина на десетти месецов откако бил хоспитализиран во ГОБ „8 Септември“.
Четврти ден прерано згаснатиот живот на овој човек не е вреден за вниманието на премиерот на Владата Зоран Заев, министрите за внатрешни работи и здравство, Оливер Спасовски и Арбен Таравари, а уште помалку за невладината Хелсиншки комитет, која, иронично, во целиот назив ја содржи синтагмата „за човекови права“.
Изгледа за Хелсиншкиот комитет за човекови права и неговите челници, кои со години црпат од Соросовите фондови за човекови права, актелната директорка Уранија Пировска, или поранешните директори Гордан Калајџиев и Мирјана Најчевска, или пак за Борјан Јовановски, во последниве два месеци правата на затворениците престанале да бидат „човекови права“.
На сајтот на Хелсиншки, иако редовно се ажурура, нема ниту еден збор за несреќниот човек од Идризово, а ниту пак Пировска, Калајџиев или кој било друг досега побарале одооврност од директорите на институциите кои се директно одговрни за смртта на затвореникот.
Новоназначените директори на казнено-поправниот дом „Идризово“ и на ГОБ „8 Септември“, Махмуи и Костов, очигледно се во милост на институциите кои постојат за граѓаните и наместо да оговорат или да понесат одговорност за смртта, уживеаат во закрила на министрите и невладините Соросови организации.
Четириесет и шестгодишниот затвореник В.К. на десетти месецов почина во ГОБ „8 Септември“. Никој од надлежните, ниту директорот на КПУ Идризово, Ќерим Махмути, ниту директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Кристијан Костов, не излегоа во јавноста со детали за смртта на затвореникот. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.