Општина Бутел изминативе денови интензивно работи на темелна реконструкција на шест улици во Радишани: 18, 50, 42, 60, 7 и Бел камен со вкупна должина од 1.530 метри.
Од општината информираат дека целосно е завршена улицата ,,18,, во должина од 180 метри со широчина од 3,5 м.
Реконструкцијата на шесте улици ќе чини 10 500 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.