Сообраќајната несреќа која се случи на главниот пат 361 меѓу Наголд и Мецинген, ја шокираше германската јавност
Германците не паметат ваква трагедија на патишатата. Во само една секунда, збришана е од лицето на земјата, млада петчлена фамилија од округот Констанца, која се враќала од излет.
Во несреќата загинале едномесечно бебе, неговата двогодишна сестра, нивните мајка (22) и татко (25) и сестрата на мајката (17). Очевидците изјавуваат дека ваква глетка немаат видено ни во најстрашниот хорор филм. Имено, во една секунда автомобилот на оваа семејство, чиј идентитет не е објавен, станал семејна гробница. Страшната сообраќајна несреќа се случила кога каминот за изнесување отпад во кој имало 26 тона ѓубре, поради големата брзина се превртел врз автомобилот марка „голф“.
Како што тврдат очевидците, камионот нагло забрзал во кривината, се превртел и буквално паднал врз “голфот“. Дури откако со дигалка е подигнат камионот, на спасувачите им се појавила вистинската слика на ужасот.
Портпаролот на полицијата изјавил дека камионот од непознати причини нагло ја зголемил брзината во голема кривина што е и причина за неговото превртување врз автомобилот, во кој никој немал шанса да преживее. Несреќата не ги шокирала само луѓето кои биле на местото на несреќата, туку и полицијата и пожарникарите и вработените во итната помош, кои едноставно доживеале шок од страотната глетка. На многумина од нив им се слошило од тоа што го виделе.
Кога камионот бил подигнат, се појавила вистинската слика на ужасот и сплесканиот автомобил во кои се наоѓала петчлената фамилија. Глетката била страотна, а телата на починатите биле измешани со делови од автомобилот.
Биле непрепознатливи. Пожарникарите морале да го сечат автомобилот на делови за да ги извадат телата на настраданите. Возачот на камионот и еден минувач се полесно повредени, но возачот во тешка состојба на шок е пренесен во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)