| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган смета дека тензиите со Берлин ќе се подобрат по изборите во Германија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека тензиите со Европа се должат на внатрешните политики на земјите од континетот, истакнувајќи дека односите со Берлин ќе се подобрат по парламентарните избори во Германија, што ќе се одржат во септември.

Односите меѓу Европа и Турција, што е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, се затегнати поради репресиите кои следеа по минатогодишниот обид за државен удар, за што некои европски земји изразија загриженост поради степенот на чистки во земјата.

– Критиките од Европа се поврзани со нивната внатрешна политика, нагласи Ердоган.

– Франција и Австрија, го направија тоа претходно, гледаме дека и Германија ја следи истата стратегија. Верувам дека ситуацијата ќе се подобри по изборите, потенцираше турскиот претседател, зборувајќи за изборите што ќе се одржат на 24 септември во Германија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top