| четврток, 6 декември 2018 |

За само 70 дена Тевдовски успеа да го задолжи секој граѓанин за над 3100 денари

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СДСМ и медиумите блиски до нив молчат и никаде ги нема да кажат збор за расипничкото и недомаќинско работење на министерот Драган Тевдовски.

– Лажните душегрижници кои дигаа хистерии до пред некој месец за секоја аукција на државни хартии од вредност, сега молчат кога министерот за задолжување во рок од 70 дена успеа да ја задолжи државата само по овој основ за над 100 милиони евра. За само 70 дена министерот за кратење и задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3100 денари, односно 50 евра. На дневна основа министерот за ја задолжува Македонија за околу 1.5 милиони евра. Лицемерието се виде и кога министерот за задолжување успеа да стопи 126 милиони евра од девизните резерви, а дежурните аналитичари од сдс за ова немаат никаков коментар, рече Гелова Стојанова.

Според неа, ова значело дека досега граѓантие на свој грб го осетиле недомаќинското работење на СДСМ изразено во над 226 милиони евра, што по основ на задолжување, што по основ на топење на девизните резерви и дека тоа било резултатот од нивата негрижа, неодговорст и незнаење.

– Патем од сето ова граѓаните не видоа ништо. Ниту се отпочнаа капитални инвестиции, ниту се отпочнаа градинки, училишта, болници, патишта, водоводи, канализации, туку напротив се кратат и стопираат и тие кои што отпочнаа или требаше да почнат. Досега видовме дека парите на граѓаните завршуваа само на контото партиски вработувања, договорни услуги, дебели хонорари на комедијанти, шарени револуционери, штабски поети и слично. Граѓаните на дело ја видоа целата неспособност на СДС. За тоа ќе им испорачаат казна на престојните локални избори. Тогаш СДС ќе ја понесе својата политичка одговорност за своето неработење и погрешните политики на штета на националните и државните интереси, рече Гелова Стојанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top