На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност на 16 –ти овој месец. Имено, станува збор за државни записи и за државни обврзници во вкупен износ од 3.330.000.000 денари или 53,6 милиони евра.
Владата константно ги задолжува македонските граѓани без притоа да има видливи резултати во поглед на вложување во капитални инвестиции. Така податоците од извештајот на Министерството за финансии покажува дека за првите 8 месеци од годината реализацијата на капитални трошоци е разочарувачки 23,31 %.
Според експертите ова се одразува и на градежништвото кое е во континуиран пад што претставува голема опасност бидејќи градежништвото е носечка гранка во македонската економија и главен учесник во растот на БДП.
Доколку се земат во предвид и прогнозите од ММФ и Светска банка за растот на БДП во 2018 година кои не се воопшто високи и ветувачки јасно е дека економскиот тим на Владата потфрли во спроведувањето на економските мерки.
Инаку ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти. Со тоа Македонија има убедливо најлоши оценки од меѓународните финансиски институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата вртоглаво ги задолжува граѓаните: Утре ќе повлече нови 53,6 милиони евра
-
Нема крај: Владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра
-
Јавниот долг упорно расте, капитални инвестиции нема, државата ги заробува парите
-
Миноски: Со непродуктивните трошења се оди на концептот на плитка меморија на јавноста која што денеска е зачудувачки замолчена