| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките власти запленија два тони марихуана од Албанија

Грчките власти соопштија денеска дека заплениле околу два тони марихуана што е одгледувана во Албанија. Грчката крајбрежна стража соопшти дека марихуаната, пронајдена на јахта со италијанско знаме што пловела кон островите во Егејското Море, е запленета рано утрово по добиена дојава, јужно од грчкиот остров Китера.

Во соопштението на крајбрежната стража се наведува дека јахтата испловила од едно италијанско пристаниште, а дрогата ја преземала во Албанија. Јахтата имала двочлен екипаж, Италијанец и Албанец, кои се уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top